Вецлар на нашиот репрезентативец, Филип Миркуловски вчера забележа победа од 26-22 над Минден, но на овој дуел бевме сведоци на еден од најсмешните авгоголови во историјата на оваа игра.
Пред самиот крај голманот Буриќ забележа прекрасна одбрана, но во продолжение претера со прославата и не виде дека неговиот соиграч Чавор му ја врати топката, која на крај заврши во празната мрежа.