И после цели 25 години, децата во градинките ширум Македонија сè уште ја слушаат и пеат популарната „Марионка“ на струмичанецот Васил Гарванлиев. Оперскиот пејач, кој денеска настапува ширум целиот свет, неодамна гостуваше во родната Струмица, во рамките на фестивалот „Струмица опен“, каде што заедно со публиката ја запеа и „Марионка“, а како звучеше сето тоа можете да слушнете горе. Уживајте!