Екс претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, до медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, пушти видео снимка од надзорот на својот дом, на која, како што тврди, се гледа како еден од службениците го зема домашниот клуч на судијата и го става в џеб.
Судијата Панчевски тврди дека ова видео е најфрапантниот доказ за начинот на кој работи СЈО и притисоците што ги врши врз него но и за притисоците што треба да ги очекуваат и неговите колеги.
– Според него снимката служи како доказ за криминалот и подметнувањата со кои се служи СЈОНе говорам за вербални закани и физичко насилство, туку за најподмолна конструкција и криминал од времето на УДБА. На снимката јасно се гледа како едно од службените лица ја злоупотребува службената положба и го краде клучот од мојот дом. Не станува сбор за случајност – вели Панчевски и прашува, дали за ова службеникот добил наредба од Катица Јанева или од претпоставените во МВР.
Тој сака да знае што планираат со клучот и дали може да очекува нови упади во неговиот дом.
Загрижен е за својата и безбедноста на своето семејство. Во исто време Панчевски тврди дека наредбата врз која е извршен претресот е незаконска.
Според него чудно е што налогот за претрес во неговиот дом во Скопје доаѓа од гевгелискиот суд каде што е општо познато дека Јанева има добри релации.
За него е крајно неразбирливо и тоа што наредбата за претрес гласи за незаконско прислушување што ја сториле други лица, а како што вели, во јавноста Катица Јанева лажела дека станува збор за местење предмети преку судскиот систем.
Преземено од http://www.libertas.mk/