Штипјанецот Зоран Илиев и популарната српска пејачка Анабела Атијас се победници на 32. издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2017“, чие финале се одржа вчера во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Нивниот дует насловен „Од утро до вечер“, освен што беше победник и во првата полуфинална вечер, собра најголем број гласови од публиката и во финалето, што им донесе награда од 5.000 евра во денарска противвредност, а за време на победничкиот настап Илиев рече дека дел од парите ќе ги донира во хуманитарни цели.