Младата кубанско-босанска пејачка Џулијана Јовановиќ за својот последен сингл му се довери на нашиот хитмејкер Роберт Билбилов, од чие студио произлезе хитот „Do It Right“. Тој се потпишува на музиката, аранжманот и продукцијата, а стиховите си ги напиша самата Џулијана.
Видеото, пак, кое беше објавено деновиве, го реализираше екипата на „Џубокс видео“, под режисерската палка на Џулијани, а за одличната монтажа беа задолжени Даниел Јовески и Марина Трајковска. Снимањето се одвиваше во „Буши резорт и спа“, а како изгледа сето тоа можете да погледнете.