Викендов се одржа првиот концерт од финалните вечери во живо на бугарскиот „Х фактор“, во чии рамки се натпреваруваа вкупно 13 финалисти, меѓу кои и нашиот Стојанчо Бучков. 22-годишниот гевлегичанец беше единствениот Македонец што успеа да стигне до оваа фаза од натпреварот, но за жал не доби поддршка од бугарската публика и беше првиот финалист што си замина дома.
Тој настапи со познатиот хит од „Квин“, „Somebody To Love“, за што жирито имаше само позитивни коментари, вклучувајќи го и неговиот ментор Криско, кој нагласи дека е уникатен и нема со кого да го спореди, а како изгледаше сето тоа можете да видите во продолжение.
Откако заврши гласањето, Стојанчо се најде меѓу тројцата финалисти со најмалку гласови, а откако Дахмара прва го напушти натпреварот, тој влезе во дуел со колешката Манал, а крајниот збор го имаше жирито, кое одлучи токму таа да продолжи понатаму.