„Кога Миа пее сè се тресе“, „Досега не сме слушнале вакво извонредно пеење“, „Никој вака не ја испеал оваа песна, дури и повозрасните колеги ги победи“, „Пееш со огромна леснотија, а со толку убавина во твојот глас. Ти посакувам да ни пееш 100 години и да те слушаме на концерти низ светот“...
Ова се само дел од коментарите кои Миа Мустафа ги добива по секоја нејзина изведба на регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“. Во 16. емисија од музичкиот натпревар, Миа ја изведе „Valerie“ од Ејми Вајнхаус и предизвика неверување кај дел од жирито за тоа како и колку предобро пее.
Сепак сите славни пејачи, членови на жирито беа согласни Миа да стапи во контакт со нашиот музички продуцент Дарко Димитров за да ја започне својата музичка кариера. Сиве овие пофални зборови кажуваат многу за 14-годишната скопјанка, која посакуваме да ја слушаме и гледаме уште многу години.