Доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито, почина на денешен ден 1980 година во болница во Љубљана.
Смртта на Јосип Броз-Тито, доживотниот претседател на Социјалистичка федеративна Република Југославија и на Сојузотт на комунисти на Југославија, беше доживеана како национална трагедија. Тој е погребан во Куќата на цвеќето, во Белград, на 8 мај 1980 година , каде и сега се наоѓа неговиот гроб, посетуван се уште од негови почитувачи и туристи.