Веднаш откако ја објави српската верзија на својот нов сингл насловен „Одлучи се“, Лина Пејовска ја претстави и македонската варијанта, овој пат со наслов „Топло-ладно“. Како и на претходната, макфестовска балада „Ако ме сакаш“, автор на новиот сингл е Дарко Димитров, кој се потпиша на музиката, аранжманот и продукцијата, додека стиховите се дело на Елена Ристеска.