Уште на самото излегување на сцената публиката го поздрави со силен аплауз. Филип се претстави со „Adio amore“ од Раста и „Волим осмех твој“ од Тоше Проески. Неговиот перформанс беше надополнет со играње, а публиката цело време беше на нозе и го поздравуваше со овации.
Жирито кое седеше во „капсула“ не знаеше што се случува и едвај чекаше да видат за кого станува збор. Филип доби пет гласови, односно сите членови на жирито му дадоа „да“ освен Драган Стојковиќ Босанац.
По неговите изведби жирито беше збунето зошто толку овации и врескање во публиката, па Поповиќ побара уште еднаш да ја отпее втората песна и да биде уште повеќе енергичен за да може жирито да види што се случувало зад капсулата.
Филип уште еднаш ја отпеја „Волим осмех твој“ и направи вистински хаос во студиото на „Гранд“.