Кралот на фолк музиката, како што сите со право го нарекуваа(т) Шабан Шаулиќ e погребан во Алејата на заслужните граѓани на новите гробишта во Белград. На самиот погреб непрегледна километарска колона од луѓе, неговата публика, неговите пријатели, почитувачи на неговата музика, неговото семејство, неговите роднини, колеги од естрадата…. Само лелек, солзи, молк…..на сите страни.
Пред спуштањето на ковчегот со телото на Шабан, посмртниот оркестар ја отсвири и најтажната песна која Шабан во 1984 година и ја посветил на својата најголема љубов, сопругата Гоца.