Конкуренцијата од 3500 кандидати не беше пречка за 17-годишната Славица Ангелова да влезе во потесниот круг на бугарскиот „The voice“. Таа е единствената натпреварувачка од Македонија, а на сцената покажа и докажа како се пее во Македонија.
Хитот „What’s up“ од 4 Non Blondes беше изборот на Славица, а нејзината изведба го крена целото студио на нозе. Познатата поп пејачка, Михаела Филева и даде зелено светло на нашата натпреварувачка и со тоа ја зема во својот тим.