Кометал Ѓорче Петров останува посебен во историјата на македонскиот спорт. На денешен ден, 19 мај 2002 година екипата која израсна во скопското предградие, на Македонија и ја донесе првата европска титула и најголемата спортска радост.
И 17 години подоцна Македонија со носталгија се присетува на „Кометал шампионе“, на победите и на единствените моменти во „Кале“, на неизмерната радост што ја обедини цела Македонија.