После двата концерти во минатите неколку месеци, најголемата музичка ѕвезда на Балканот, Здравко Чолиќ го оддржа и третиот концерт на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Концертот започна во 21 часот, а очекувано имаше повеќе од 30,000 фанови, а популарниот Чоча како вистински професионалец овој концерт го претвори во уште една незаборавна вечер за скопјани.