Лина Пејовска запеа во дует со Нина Бадриќ

Вака или така, Лина Пејовска сигурно ја освои Хрватска. Младата пејачка, која во саботата го прослави својот 17. роденден, стигна до финалето на хрватската верзија на популарната музичка емисија „Ѕвезди“, но иако не победи, таа веќе си го трасираше патот на тамошниот музички пазар. Имено, оваа сезона на шоуто го носеше наловот „Летен хит“, а натпреварувачите беа потенцијални добитници на хит од главниот член на жирито – хитмејкерот Тончи Хуљиќ.

Меѓу бројните пофалби што ги добиваше Лина за секој од нејзините настапи во оваа емисија беше и оној на Хуљиќ, кој рече дека Лина веќе нема каде да напредува бидејќи го достигнала својот врв. „Тебе веќе нема што да те научат, тебе ти треба само песна“, рече тој и додаде дека по завршувањето на емисијата ќе свика состанок со хрватските автори за да им предложи соработки со некои од наптреварувачите од шоуто, дури и со оние кои не стигнаа до полуфиналето или до финалето.

Освен што настапуваше сама, Лина во полуфиналето запеа во дует и со Петар Грашо, а во финалето со Нина Бадриќ. Пејачките ја отпеаја баладата „Да се опет теби вратим“, а Лина беше единствената натпреварувачка која беше на исто ниво со жирито, односно не доби ниту една забелешка за одличната вокална изведба. Како изгледаше сето тоа погледнете во продолжение. Уживајте!

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s