Кристиано Роналдо е еден од најпопуларните спортисти во светот, а затоа своја заслуга има и маркетингот.
Освен што добива милиони играјќи фудбал, тој има свој бренд и соработува со големи компании. Сега тој се појави во една реклама која привлече многу внимание.
Сингапурскиот „Shopee“ дефинитивно не се прослави и веројатно ја направи една од најлошите реклами видени некогаш. Многумина коментираат и дека ваков блам на Роналдо не му бил потребен.
Но како велат – и лошата реклама е добра реклама.