ЕСМ (ЕЛЕМ) ќе купува своја опрема

Денеска директорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски објави дека компанијата ја почнала постапката за набавка на помошна механизација.

Преку првиот тендер, кој според најавите е објавен денеска, треба да се набават вкупно 47 парчиња опрема за потребите на рудниците со јаглен и тие ќе ја чинат државната компанија за производство на струја 19 милиони евра. Ковачевски најави дека идната година, ЕСМ ќе објави оглас и за набавка на таканаречена циклична механизација за потребите на рудникот, Брод – Гнеотино во вредност од 26 милиони евра.

Тоа значи дека заклучно со идната година, набавката на целата нова механизација би требало да ја чини ЕСМ 45 милиони евра.

Ковачевски денеска во прес-салата на Владата, заедно со премиерот Зоран Заев, објасни дека во третата фаза ќе се купуваат машини од двата вида, помошна или циклична, во зависност од тоа дали праксата ќе покаже дека има потреба за тоа.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s