Вечерва на МТВ беше промовирана песната насловена „YOU“ со која Васил Гарванлиев ќе настапи на „Евровизија“ во Ротердам.
Музиката ја напиша Невена Нешкоска, а текстот е на Невена Нешкоска, Калина Нешкоска, Алис Шредер. Продукцијата и аранжманот го направија Невена Нешкоска, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.
Спотот е во режија на Милена Витман, монтажата ја направи Ѓорѓи Вацев, а како продуцент се потпишува Јелмаз Дервиши.
Гавранлиев ќе пее на првата полуфинална вечер на 12 мај.