Музичка прегратка во време на корона – Дац и Александар од домовите во Скопје заедно со нашиот тенор, Благој Нацоски од домот во Џенова, стоплија многу срца со емотивна македонско-италијанска преработка на хит песната „Уште ми фалиш“.
Нашиот оперски пејач, Благој Нацоски од Скопје, кој живее и работи во Џенова, Италија, постојано упатува пораки до неговите фанови на социјалните мрежи и со музика се обидува да го разубави секојдневието на луѓето во овие тешки моменти низ кои минува светот.
Александар и Дац, пак, не престанаа да ја забавуваат публиката во овие времиња и преку Фејсбук видеа во живо им го разубавуваат времето поминато дома на нивните фанови.
Тие пеат љубовни песни во полициски час, а најновата соработка со нашиот тенор, Благој, виртуелно стопли многу срца.
Тие од удобноста на своите домови ја отпеаја нивната хит песна „Уште ми фалиш“, а потоа заедно со Благој продолжија со италијанска верзија.
Сега е време сите да бидеме сплотени, а најдобриот начин е преку музика и љубов.