Џокси е во изолација и годинава нема да може да се заљуби, е шегата на сметка на пејачот Ѓорге Васиќ се протнуваше по социјалните мрежи. Но, тој пред неколку дена изјави дека „нешто се крчка“ а тоа нешто излезењ денес. Станува збор за домашна преработка на хитот „На Велигден“ заедно со хорот „Мирче Ацев“..
Ова е втор пат Џокси да ја пее оваа песна со хорот „Мирче Ацев“. Тие заедно ја испејаа и на манифестацијата „Златна Буба Мара“.
Како сето тоа звучи, а звучи многу убаво, погледнете во видеото: