Периодов посведочивме на многу нови верзии на познати песни, на многу онлајн изведби и соработки. Денеска ќе ви презентираме уште една таква.
Се работи за карантинска верзија на легендарната „Во светот на бајките“.
Александар Митервски и Драган Спасов Дац ги поканија членовите на гратскиот хор „Гласот на децата на Скопје“ да ја отпеат оваа песна, која инаку е дело на Славе Димитров и Васил Пујовски.
„Раширете ја љубовта насекаде и споделете. Пејте со нас. Од срце за децата“, стои во описот под објавата.