Христијан Настески-Пајак, е талентирано деветнаесет годишно момче кое ни доаѓа од убавиот Охрид, инаку студент во прва година на студии по информатика. Со музика започнал да се занимавам уште од негова шест годишна возраст, талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката.
Pajak – Dark Side (OFFICIAL VIDEO)
Музиката и текстот за “Darkside” се на Пајак, битот на Josh Petruicco x Bra!n, микс и мастеринг на Mecka warrior/Iwayo. Видео записот е снимен во напуштена фабрика, за целосна реализација на истиот се погрижи Борче Димоски и неговиот тим од “Digital Box” и покрај малите проблеми со кои се соочиле за време на снимањето поради ситуацијата со коронавирусот, на крај се се завршило како што треба.
Пајак кој со “Hell Boy” и “Mama” се прослави кај младата публика кај нас и во соседството, за само два месеци достигна над милион прегледи на YouTube со хитот “Hell Boy”.
Пајак карактеристичен по својот стил и специфичната боја на гласот, заедно со “Урбан Рекордс” работат на многу нови проекти кои ќе ги слушнеме за многу брзо време, надевајќи се дека со секоја песна ќе допрат и ќе остават важна порака на публиката.
Во продолжение, погледнете го новиот спот за “Darkside”, која е веќе на трендинг позиција на YouTube во Србија и Босна, а во топ 3 во Македонија.