Два американски бомбардери Б-1, придружени од 4 ловци Ф-16, денеска прелетаа над Скопје за да го честитаат македонското членство во НАТО. Бомбардерите полетале од Северна Дакота, САД, на 30-часовен непрекинат лет, а Северна Македонија со оперативниот центар на Армијата учествувала во постојаната комуникација и координација на летот.
Авионите на американското воено воздухопловство во прелетот над Бугарија биле придружени од четири грчки ловци Ф-16, со кои влегле во македонскиот воздушен простор и од над Штип, Велес и скопскиот аеродром прелетаа над Скопје. Летот, според Армијата, бил на висина од 1.500 метри.