Пациентот Заир од Куманово не верувал во ковид-19. Но, тој пред две недели бил донесен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, и како што вели самиот – дишел на шкрги. Лекарите едвај се избориле за повторно да земе воздух со полни гради, бидејќи снимката на прием покажувала дека коронавирусот опфатил 90 проценти од нив. Заир верува во докторите кои му го спасиле животот, а го чека и вториот негативен тест. Тој порачува да носиме заштитна маска и да внимаваме на нашето здравје…