Јунаците од серијалот „Дајте музика“ подготвија големо изненадување за крајот на оваа необична учебна година: Додека „Старо маало“ е принудно празно, домовите и парковите нека бидат исполнети со позитивна енергија, креативност и добра македонска музика!
Со максимално почитување на мерките за заштита и во услови на вонредно функционирање, екипата од серијалот „Дајте музика“ успеа да склопи извонредна видео разгледница со порака за сите македонски ученици. Промоцијата се случува токму на денот кој го означува крајот на учебната година и почетокот на најомилениот и најбезгрижниот период за секое дете – летниот распуст.
Видеото е снимено на пет различни локации во Скопје, а со оглед на сите препораки и ограничувања, на истото работеше продуцентска екипа од петнаесетмина извршители.