Рокенрол бендот „Ласт експедишн“ и пријателите ја снимија новата верзија на култната песна „Шефе“, создадена во втората половина на 90-те.
– Се потрудивме новата верзија на култната песна „Шефе“ да биде градска, народска, светска и не знам уште што, ама мислиме дека успеавме во целата оваа приказна да не ја оштетиме. Новата верзија е македонско-американско-канадска соработка и сите ние што учествувавме во ова парче музика сме среќни и презадоволни од финалниот звук – вели Енис Хаџиќ-Енко од „Ласт експедишн“.
Во реализацијата на спотот учествуваа: Сецко, Енко, Диме, Влатко, Салпе, Драгче, Сашко, Ленин и „Ноќни волци“, Кристијан, Ален, Ева, Фриц, Панки, Аце Флојд Ристе Мерцедес…
Претходно, во мај, бендот упати отворен повик „Сакаш да си дел од Последната Експедиција?“ во кој по примерот на големите светски бендови ги поканија фановите да се пријават за учество во снимањето на спотот со приклучување преку онлајн преку каналот Zoom, па така песната која спојува генерации рокери и алтернативци во Македонија доби видеоспот во кој бендот заедно со пријателите покажуваат како го доживуваат овој безвременски хит.