Ковид-19 – 188 нови случаи денеска а 268 оздравени и 5 починати

Во изминатите 24 часа починаа 5 лица по компликации од ковид-19, пациентка од Скопје (62), пациент од Битола (74), пациентка од Куманово (78), двајца пациенти од Тетово (61 и 76). Четири пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички, соопшти Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 1.971 тестирања, а регистрирани се 188 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-44, Куманово-21, Дебар-1, Штип-18, Тетово-24, Струга-21, Велес-1, Битола-5, Охрид-6, Кавадарци-3, Гостивар-23, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Кичево-10, Ресен-1, Неготино-2.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 4 пациенти суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 98 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 117 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.Институтот за јавно здравје регистрира 268 оздравени пациенти од: Скопје-105, Куманово-23, Дебар-2, Штип-1, Прилеп-1,Тетово-41, Струга-22, Велес-5, Битола-3, Охрид-19, Гостивар-12, Радовиш-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Св.Николе-12, Кичево-13, Ресен-4.Вкупно ковид дијагностицирани во земјава има 10.503, од кои оздравени се 5.931, починаа 476, а активни се 4.096.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s