“Сенки” е насловот на новата песна на младата поп пејачка Теа Трајковска, која што истата ја промовираше заедно со видео спот. Песната е дело на веќе докажаниот Лазар Цветковски, додека текстот го напиша самата пејачка. Теа за нејзината нова песна вели:
“Сенки” е еден од оние проекти што зборуваат сами за себе, снимен во можеби најтешки глобални/локални околности. Верувам дека ќе ги допре моите слушатели и дека сите ќе се пронајдат во оваа приказна која едвај чекав да ја споделам со нив”, изјави пејачката Трајковска.
За видео спотот и приказната во него овој пат беа задолжени режисерите Томи Акимовски и Горан Симјановски, додека пак за нејзиниот изглед се погрижија Мите Занов, Даниел Николовски и Дарко Петковски. Оваа девојка која е релативно млада на македонската музичка сцена, со снимањето на нови песни и работка на нови проекти само докажува како на публиката, така и на своите колеги, дека и во вакви пандемски корона услови е возможно да се твори, снима и промовира.