„СПУТНИК 5“ е името на првата вакцина против корона вирусот во светот

„СПУТНИК 5“ е името на првата вакцина против корона вирусот во светот. Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека конечно е развиена и одобрена вакцината против Ковид-19 и најави голем напредок во глобалната борба против смртоносниот вирус. Путин вели една од неговите ќерки е меѓу првите кои се вакцинирани. Тестовите покажале дека е ефикасна и создава имунитет на коронавирусот, вели Путин на средбата со членовите на владата.

„Ова утро, за прв пат во светот, беше регистрирана вакцина против новиот коронавирус. Знам дека вакцината е ефикасна, формира антитела и одржлив имунитет. Една од моите ќерки ја прими вакцината. Во оваа смисла, таа учествуваше во експериментот. По првото вакцинирање, таа имаше температура од 38, следниот ден – 37 и тоа беше сè. Сега се чувствува добро.“изјави Владимир Путин, Претседател на Русија.

Руските здравствени власти веќе се подготвуваат за масовно вакцинирање против коронавирусот во октомври, додека производството на СПУТНИК 5 се планира да започне еден месец претходно. Вакцината е развиена од Центарот за истражување за микробиологија „Гамалеја “ во Москва. Со клинички тестирање се почна на 18 јуни, а минатата недела испитувањата стигнаа во последната т.н. 3-та фаза.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s