Граѓаните на Пехчево од денес можат да ги користат новите регистарски таблички
Граѓаните на Општина Пехчево од денес можат да ги користат новите регистарски таблички, со кои за првпат во историјата и Пехчево добива свое место во означувањето на возилата. Сите новорегистрирани автомобили, наместо досегашната ознака „BЕ“ отсега ќе имаат сопствената ознака „ПЕ“ испишана на латиница (PE).