Пет розови фламинга се во посета на Преспанското Езеро. Птиците беа забележани во Езерани каде нискиот водостој им овозможува соодветни услови за одмор за време на миграцијата, соопштија од Македонското еколошко друштво.
Оттаму појаснуваат дека фламингата не гнездат во Македонија, но досега се забележуваат повеќе пати на прелет. Прв податок за нивно присуство кај нас е од деведесеттите години, повторно во Езерани. Овој пат беше забележена една возрасна единка и 4 млади. Бидејќи птиците гнездат во Грција, Албанија и Црна Гора, биолозите не можат да заклучат каде ќе се упатат по престојот во Преспа.