Во Специјалната болница по гинекологија „Мајка Тереза“ во Чаир, евидентирано е зголемување на бројот на породувања во изминатите седум месеци, во споредба со истиот период минатата година, информираат од Министерството за здравство.
„Од почетокот на годинава, до крајот на јули, се извршени 2.511 породувања, што е за речиси 300 породувања повеќе во однос на овој период лани, кога биле реализирани 2.222 породувања“, се наведува во соопштението.
Од болницата информираат дека и во услови на Ковид-19, работата тече регуларно, односно се спроведуваат породувањата, како и сите прегледи и скринизи за фетусни аномалии.