Бројот на нови случаи на Ковид-19 во Италија вчера изнесуваше над 600, што најголем дневен пораст во последните три месеци, а како главен фактор за тоа се сметаат туристите и лицата што се враќаат од одмор.
Италијанското министерство за здравство во текот на вчерашниот ден јави за 629 новозаболени со коронавирусот додека вкупната бројка на инфицирани лица во земјата од почетокот на пандемијата е над 253.000.
Последен пат на поголем дневен број на новозаразени од вирусот беше забележан на 23 мај (669). Колку за споредба, Италија пред само неколку недели имаше околу 200 нови случаи на ден. Бројот на починати од Ковид 19 во земјата е над 35.000 лица.