Водечкиот снабдувач на автомобилски делови Magna Internacional објави дека започнува со изградба на првата фабрика во земјава, не наведувајќи никакви подетални информации за висината на инвестицијата, бројот на работни места кои ќе бидат отворени и локацијата каде ќе се гради фабриката.
„ Во Magna продолжуваме да одиме напред и остануваме фокусирани за подобро да им служиме на нашите клиенти низ целиот свет. Возбудени сме да го објавиме почетокот на нашата прва фабрика во Северна Македонија. Во објектот од 17. 000 м квадратни ќе се произведуваат надворешни огледала и активатори.“ – стои во објавата на официјалните профили на социјалните мрежи на Magna Internacional.