Многу пејачи останаа без своите настапи и немаат заработка заради ситуацијата со вирусот корона и затоа западнаа во финансиска криза. Но и покрај тоа што многумина се жалат и одвај крпат крај со крај, фолк-пејачката Ирена Спасовска реши да сврти нова страна и наместо да очајува, таа ужива во животот и слободното време што сега го има во изобилство.
Таа одлучи да избега од градската гужва и високите температури, па се разладува на нашите познати туристички дестинации.
Ирена ужива во топлото време и си ги полни батериите. Можеме да видиме дека пејачката работи на својата линија и дека нема проблем да се пофали со своите облини, но и со новата тетоважа.