„Изминатата ноќ во ЗОО Скопје пристигнаа Арктички бели волци од Чешка. Мажјакот и женката се млади единки на возраст од една година, а поради тоа што се поларни животни во текот на летото се митарат, а во зимските денови имаат сјајно и густо бело крзно.
Од скопската Зоолошка градина на својот Фејсбук профил напишаа дека синоќа пристигнале Арктички бели волци од Чешка.
Овој вид на волци спаѓа во загрозени видови, но не од човекот, туку од климатските промени кои се случуваат на Арктикот. Нарушениот еко систем во овие делови значително го намали бројот на овие животни во последните години.“, напишаа од Зоолошката градина.
Арктичкиот волк (Canis lupus arctos) е подвид на сивиот волк кој ги населува арктичките региони на Северна Америка и Гренланд. Арктичките волци се познати и како поларни волци или бели волци.