По вчерашниот двоцифрен број на заболени од ковид -19, денеска Министерството за здрваство повторно регистрира трицифрен број на заболени. Во изминатите 24 часа евидентирани се нови 115 случаи од кои најголем дел се во Скопје (34) по што следуваат Прилеп со 15, Штип со 14, Струга со 13 и Куманово со 10 нови случаи. Во останатите градови бројот на новозаболени е едноцифрен.
Направени се 1 665 тестирања, а Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти. Починат е еден пациент од Гостивар на 76-годишна возраст во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 14 455, бројката на оздравени пациенти е 11 525, а на починати 604.