Гуру Харе го промовираше видеото за „Реприза“!

Интимна и авторефлексивна, таква е најновата песна „Реприза“ на Гуру Харе, 8-ма и последна во новиот албум, снимен со повеќе различни пејачи, меѓу кои се и Аки Рахимовски, Тамара, Дани и др.

-Има повеќе пејачи на албумот, но оваа песна одлучив да ја испејам самиот. Уште повеќе бидејќи е интимна, вели Игор Атанасоски, познат како Гуру Харе.

Дали љубовта има рок на траење, колку е потребно за среќа, дали сум сопствена реприза, овие прашања Гуру Харе ги поставува и трага по нивен одговор во „Реприза“, за која ги напиша музиката и текстот. Песната е снимена во студиото „Тралала“ на Мите Димовски, а во тимот се и Дамир Имери на клавијатури, Трајко Симоновски на бас и Сара Николовска, која ги пее придружните вокали.

„Реприза“ на Гуру Харе, ја имаше својата промоција на фреквенцијата на Радио Бубамара, на 6 јули, а денес веќе можете да го погледнете и видеото за оваа прекрасна интимна балада.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s