Колоризирано видео од посетата на султанот Мехмед V Решад во Битола

Вториот дел од документарниот филмски запис за посетата на претпоследниот турски султан Мехмед V Решад, браќата Манаки го реализирале при неговата посета во Битола. Филмот започнува со секвенцата на пристигнувањето на султанот на железничката станица во Битола и неговото заминување кон зградата на општината каде престојувал за време на неговата посета на Битола. Следува најимпресивниот дел од оваа сторија, извонредно долга секвенца од парадата која се одвивала пред султанот, пред зградата на општината, во која учествувале припадници на сите народи и верски заедници во Отоманската Империја, потем претставници на сите општествено-политички, воени и верски структури.

Биле застапени сите возрасти, деца од најмлада возраст до постари мажи и жени. Освен оваа парада пред султанот, во филмот се забележани неколку негови парадни прошетки низ улиците на Битола, како и патот и престојот на излетничкото место крај Битола, Тумбе Кафе. Филмот завршува со заминување на султанот од железничката станица во Битола.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s