Адам Лабунски, младиот македонски пејач кој на јавноста и е познат по учеството во Пинкови ѕвезди, а потоа и во Ѕвездите на Гранд, замина во Истанбул со својата девојка каде и приреди огромно изненадување.
Пејачот на романтичното патување во Истанбул реши да ја побара раката на својата сакана девојка Џејлана Дачиќ.
Запросувањето се случи на Босфорот, а моментот на запросувањето Лабунски го сподели преку видео на својот Инстаграм профил.