Делчев е борец за социјална правда, а Мицкоски е бранител на криминал и неправда. Тие двајца никако не одат заедно, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук-профил, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави нов протест под мото „За ЕУ, за Македонија, за Делчев“.
„Тоа на Мицкоски му го порачаа и граѓаните на Делчево каде ВМРО-ДПМНЕ изгуби со повеќе од 1000 гласови разлика на последните избори“,
напиша Заев на својот Фејсбук-профил.