Џенова и Пандев со победа ја отворија Серија А

Фудбалерите на Џенова со победа стартува во новата сезона. На домашен терен екипата на Горан Пандев славеше против повратникот во Серија А, Кротоне со 4:1.

Мечот на „Луиџи Ферарис“ го обележаа Пандев и дебитантите во дресот на Џенова Давиде Запакоста и Марко Пјаца.

Џенова во првите десет минути го реши прашањето околу победникот. Дестро го отвори резултатот во шестата минута, а четири минути подоцна Пандев го постигна првиот свој гол во новата сезона.

Кротоне намалија во 28 минута со голот на Ривиере, но само шест минути подоцна Запакоста ја врати предноста на Џенова од два гола. Запакоста сезонава како позајмен играч од Челси игра за Џенова.

Пандев доби жолт картон во 44 минута, а во 68 беше заменет од Пјаца. Позајмениот играч од Јувентус во 75 минута го постави конечниот резултат.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s