Пред десетина дена во Штип се одржа 35-то издание на Макфест, а помеѓу учесниците беа и „милениците на публиката“, дуото Драган Спасов Дац и Александар Митевски кои настапија со песната „Ѓавол да те земе“.
Одличен настап на пријателското дуо, кое на сцената беше придружувано од дувачкиот состав Brasstet Skopje.
Инаку, Дац и Александар и минатата година настапија со нивниот хит „Уште ми фалиш“ и го освоија второто место, а песната беше дефинитивно најслушаната помеѓу двата фестивала.
Неуморни и секогаш расположени за дружба, веднаш по завршувањето на фестивалот, закажаа промоција на видео спотот за макфестовската „Ѓавол да те земе“, а таа се одржа во клубот Tribeca во Скопје.