Мартина Блажеска е млада македонска талентирана пејачка со врвно музичко образование и веќе докажан успех во музиката во светски рамки.

Имено, нејзината најнова песна „Розеви Неба“ е напишана за International Day of Peace (Меѓународниот ден на мирот) и е дел од проектот Songs for World Peace (Песни за мир во светот), кој е поддржан од Обединетите Нации, и беше промовирана токму на 21 септември, Меѓународниот ден на мирот.
Глобалната иницијатива „Песни за светскиот мир (Songs for World Peace)“ , на овој ден претстави повеќе од 100 композиции, напишани специјално за овој повод, од музичари од целиот свет, а помеѓу нив беше и нашата Мартина.