Бендот Црвена јабука и Јосип Пејаковиќ објавија видео запис за песната „Tvrđava“, по која ќе биде именуван новиот албум на сараевската група, а кој треба да се најде пред публиката кон средината на октомври.
Музиката на новата песна ја работеше Мирко Шенковски (Geronimo), текстот: Мирко Шенковски (Geronimo) / Драгана Кајтазовиќ-Шенковски, а аранжманот: Мирко Шенковски (Geronimo) / Дражен Жериќ.
“Колегите музичари и пејачи кои имаа можност да го слушнат новиот албум на Црвена јабука, велат дека е силен како тврдина. Насловната песна и видео запис носат една силна порака што ќе биде препознаена низ целиот регион. Црвена јабука и Јосип Пејаковиќ се совршена комбинација, затоа што најдобрите секогаш одат со најдобрите “, изјави авторот на „Tvrđava“ Мирко Шенковски (Geronimo).