Денес му е роденден на премиерот Зоран Заев: Политичка кариера скоро 20 години

Премиерот Зоран Заев е роден на денешен ден- 8 октомври 1974 во Струмица.

Премиер е од 2017 година. Заев беше градоначалник на Струмица од 2005 до 2016 година, а пред да стане градоначалник, од 2003 година беше пратеник во македонското Собрание. По заминувањето на Бранко Црвенковски, Заев го презеде раководството на СДСМ во 2013 година.

Израснал во земјоделско и традиционално семејство, опкружен со членови на семејството кои, според неговата владина биографија, биле „просперитетни бизнисмени, активни и почитувани во социо-политичката и економската сфера на македонското општество“.

Заев се зачленил во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во 1996 година. Во 1997 година дипломирал на Економскиот факултет во Скопје каде продолжил со постдипломски студии по монетарна економија и финансии. Истата година бил вработен во семејното трговско друштво „Тргопродукт“ од Струмица каде напредувал до директорската функција која ја презел во 2001 година. Во периодот од 1998 до 2003 година дополнително вршел неколку други функции, членувајќи во управните одбори на неколку локални компании и бил претседател на управниот одбор на јавното комунално претпријатие на Струмица.

Од 2003 до 2005 година Заев бил пратеник во македонското Собрание.

Градоначалник на Струмица

На локалните избори во 2005 година победил како кандидат за градоначалник на Струмица од редовите на СДСМ. По изборната победа ја презел функцијата од претходникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев добил уште два мандати како градоначалник на локалните избори во 2009 и во 2013 година. Тој се повлекол од функцијата по парламентарните избори во декември 2016 година.

Лидер на СДСМ

Заев бил назначен за вршител на должноста претседател на СДСМ во септември 2008 по одржаниот партиски конгрес. По завршувањето на претседателскиот мандат на Црвенковски во 2009 година, Црвенковски се вратил на чело на СДСМ, а Заев станал потпретседател на партијата. Во јуни 2013, Заев бил избран за претседател на СДСМ по оставката на Црвенковски поради лошиот изборен резултат на локалните избори во 2013.

Претседател на Владата

Прв премиерски мандат

Вечерта на 31 мај Собранието на Македонија со 62 гласа „за“ ја избрало владата на Заев која ја сочинувале 25 министри. Прв чекор на неговата влада во надворешната политика бил потпишување на договор за добрососедство со Бугарија во август 2017. Во септември биле донесени законот за минимална плата од 12 илјади денари, законот за укинување на радиодифузната такса, а била вратена и евтината тарифа на струјата.

На локалните избори во 2017 партијата на Заев остварила убедлива победа со освоени 57 градоначалнички мандати и околу 420 илјади гласови на советничките листи. Во јуни 2018 г. бил потпишан Преспанскиот договор со што бил ставен крај на спорот за името помеѓу Македонија и Грција кој траел од независноста на Македонија. Во септември бил одржан референдум на кој гласале 37% од лицата со право на глас, а од нив 91% или околу 610 илјади гласачи се изјасниле позитивно за договорот. Поради неговите залагања за Договорот со Грција во средината на декември 2018 година Заев заедно со грчкиот премиер Алексис Ципрас бил номиниран за Нобеловата награда за мир за 2019 година од страна на добитничката на наградата во 2015 година, Тунижанката Уидед Бушамауи.

Втор премиерски мандат

По победата на коалицијата предводена од СДСМ на парламентарните избори во 2020 година, Заев продолжува да служи на премиерската функција откако успева да состави влада преку постизборна коалиција со ДУИ. До изборот на втората влада предводена од Заев на 31 август, Оливер Спасовски бил претседател на техничка влада согласно Пржинскиот договор.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s