„Максигард“ ДОО – Виница е нова и динамична компанија, којашто започна да произведува заштитни маски и друга заштитна опрема, основана со цел да придонесе во заштитата на населението и вработените во институциите и стопанството од вирусни, бактериски, поленски и други загадувања и инфекции.
Имајќи ја предвид актуелната пандемија поради Ковид-19 и недостатокот на заштитни маски за населението, институциите и индустријата, „Максигард“ ДОО – Виница инвестираше во нови модерни производни линии за производство на заштитни маски, каде за почеток се отворени 8 нови работни места, а во наредниот период ќе следат уште нови вработувања.
Самите производи се со врвна заштита со CE-знак, а компанијата располага со ISO 9001 стандард за менаџмент со квалитет, ккао и ISO 13485 стандард за производство на медицински помагала.