Дамјан Манчевски се повлекува од политиката

Доскорешниот пратеник и поранешен министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски соопшти дека се повлекува од политиката. Освен што се повлече од сите јавни функции, тој поднел оставка и од функциите потпретседател и член на Централниот одбор на СДСМ.

-Дозволете да Ве информирам дека донесов одлука да се повлечам од политиката и да се посветам повторно на мојата професија. Причината за тоа е дека прифатив ангажман во приватниот сектор, која е неспоив со било каков политички ангажман. Како резултат на оваа одлука, покрај тоа што се повлеков од сите јавни функции кои ги извршував, поднесов оставка и од функциите потпретседател и член на Централниот одбор на СДСМ, соопшти Манчевски на својот Фејсбук профил.

Професионално во политиката влезе во 2015 година, но вели дека неговата одлука нема врска со било која состојба во политиката и дека е само лична и негова.

-Имав извонредна понуда за следен политички ангажман, за што сум неизмерно благодарен, но сепак се решив на овој чекор.  Оваа одлука во исто време е и доста емотивна за мене. Пред се заради моите другарки и другари, со кои се правевме заедно. Како што знае да каже еден од нив, станавме сестри и браќа по крв. Нашата приказна е за холивуско сценарио во неколку продоженија. Но, токму заради нив можеби и ја донесов оваа одлука. Затоа што знам дека Зоран, Радмила, Оливер, Љупчо, Мила, Муки, Коста, Никола, Фатмир, Јовче, Петре, Бајдо, Роберт, Марјан, Дуле, Бојан, Сања, Јагода, Благој и сите други ќе ми обезбедат да имам нормална работа во нормална држава, пишува Манчевски.

Во објавата посебно им се заблагодари на премиерот, Зоран Заев и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

1. Зоран Заев. Тој не е човек, тој е човечиште. Да му се заблагодарам за храброста, вербата и посветеноста. Да му се заблагодарам за жртвата. Да му се заблагодарам што бев дел од историјата која ја создадовме. За довербата што секојдневно ми ја дава, уште од кога ме покани да му бидам шеф на кабинетот во партијата во 2008 година. Но, највеќе од се за неизмерното другарство.

2. Радмила Шекеринска Јанковска. Уште кога имав 18 години, ме воведе и ми даде шанса во политиката. Цело време, а и ден денес, ми е пример за принципиелност и работливост. Пример за борец, кој не се предава и никогаш не ги става личните интереси во прв план.

Ова не е збогум. Останувам со Вас. Останувам во државата, да ја споделувам судбината и борбата за подобар живот со сите наши граѓанки и граѓани, напиша Манчевски.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s