Студентите од шеста година по општа медицина се вклучуваат во борбата против Ковид 19

Министерот за здравство Венко Филипче и деканката на Медицинскиот Факултет во Скопје, проф. д-р Соња Топузовска денеска се сретнаа со студентите од шеста година по општа медицина.

На средбата се разговараше за вклучување на студентите, идните лекари во процесот на справување од коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

– Во услови кога се соочуваме со најголемата светска здравствена криза, студентите по медицина, иднината на нашето здравство, активно се вклучува во поддршка на своите колеги. Студентите се едногласни дека сакаат и можат да помогнат во периодот кој следува. Нивниот ангажман ќе биде помош на колегите епидемиолози во телефонска комуниција со пациентите, изработка на епидемиолошки анкети и обработка на податоците, истакна министерот Филипче по средбата и додаде дека тие нема да имаат физички контакт со пациенти заболени или суспектни на Ковид-19.

Ангажманот на студентите ќе трае шест месеци и ќе биде поделен во три фази. На секои два месеци по 50 нови студенти ќе бидат ангажирани во Центрите за јавно здравје.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s