1,3 милиони евра донации за ДПМНЕ завршиле кај Никола Груевски

Милион и 300 илјади евра. За толку пари се сомничи екс премиерот и председател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, кој наместо партиските пари од донации со години од 2006 до 2012 да ги става во касата ги ставал на сметки на офшор фирми. Со нив на крај за себе си купил 11 000 м2 земја на Водно.

Во истрагата на обвинителството за организиран криминал и корупција а која претходно ја работеше СЈО се осомничени и братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, кумот Ристо Новачевски, бизнисменот Орце Камчев и неговата мајка Ратка Камчева како и бизнисменот Ненад Јосифовиќ. Сите се товарат за перење пари. Според обвинителството Мијалков иако знаел за парите добиени на криминален начин, сепак комуницирал со сопственик на фирма од Белизе. Ги имал печатите и жиро сметката на нејзината фирма ќерка, а управител станал кумот на Груевски, Ристо Новачевски. На нејзина сметка биле ставани пари а во мегувреме, таа ги сменила сопствениците и управителот меѓу кои биле и Камчеви и нивниот пријател Јосифовиќ се сомневаат од обвинителството. Сега притвор заработи само кумот, бидејќи Груевски е во бегство а за останатие има мерки на претпазливост бидејки се осомничени во Империја.

Инаку сега обвинителството ќе бара да биде замрзнат имотот од 11 илјади квадрати. Ќе се бара и екстрадиција на Груевски од унгарија кој кога СДСМ почна да ги пушта прислушкуваните разговори можеше да се слушне како разговара со екс министерот за транспор Миле Јанакиевски, токму за ова земјиште.

Истрагата ја отвори СЈО, врз основа токму на овие разговори. Сега бомбите се само индиции па обвинителите ке мора без нив како докази да го докажат делото перење пари.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s